Почетна » Исхрана » Јогурт

Исхрана

Повеќе од Исхрана


Jогурт и Кисело Млеко

Палетата на производи на млекара се збогати со производство на два ферментирани производи од течната програма, Jогурт и Кисело Млеко.

Јогурт Со искористување на млечно-киселата бактеријата ББ12, која уште е позната и како пријателска бактерија на нашиот организам, а знаејќи ги придобивките и полезноста, млекара се одлучи на произодство на пробиотски производи.

Млечно-киселата бактерија ББ12 која се инкорпорира во прехранбените производи, особено во составот на јогуртот, ферментираните млечни пијалоци и ферментираната храна, покажува позитивно влијание врз различни функции на организмот.


Бактеријата ББ12 е составен дел на Кисело млеко и Јогурт. Преку производите, ви ги претставуваме придобивките на пријателската бактерија ББ12.

Бројните истражувања за пробиотскиот ефект, ги дале следниве резултати, бактеријата ББ12:


• Го подобрува здравјето на гастроинтестиалниот систем (ја редуцираат инциденцата, времетраењето и јачината на некои гастроинтиестални заболувања);

• Дејствува позитивно на функцијата на респираторниот и урогенталниот тракт;

• Помага во третманот при лекување на Helicobacter pylori, со што го намалува серумското ниво на H.pylori;


• Го редуцира нивото на холестеролот со ниска густина, се редуцира апсорпцијата на холестерол во цревата, и го редуцира нивото на триглицеридите во циркулацијата;

• Голем број современи in vivo испитувања покажале дека одредено количество на бактеријата ББ12 позитивно влијае на превенцијата од канцер на дебелото црево;

• Може да ги промени алергиските реакции преку подобрување на заштитната функција на мукозата и стимулирање на имуниот систем, како и

• Има позитивен ефект при различни заболувања: интолеранција на лактоза, дијареа, гастроентерит, инфламаторно цревно заболување, синдром на црвена иритација, наламен имунитет итн.

Со други зборови, редовната употреба на пробиотик 4:

• Го зајакнува имунитетот;

• Го регулира варењето на храната;

• Ја збогатува цревната флора и

• Оневозможува репродукција на штетни бактерии


Адреса: Глигор Новаков бр.26 Струмица (Индустриска зона Север)
Телефон: 034/346-101
Факс: 034/344-101
e-mail: joka@t-home.mk

Развиено од: Copyright © 2012 Јока Млекара. Сите права се заштитени.

Пратете го ова на пријател