Почетна » Исхрана » Млеко

Исхрана

Повеќе од Исхрана


Млеко

Млекото е еден од најстарите производи кои човекот ги користи во својата исхрана.

Природен извор на голем број витамини и минерали кои се потребни за одржување на добрата здравствена состојба. Не само витамини и минерали, млекото содржи и голем број хранливи материи кои се од суштинско значење за човековиот организам.

Млеко Здравјето на коските

Млекото и млечните производи се богати со калциум, магнезиум, фосфор и протеини кои се од суштинско значење за здравата коска и за нејзиниот раст и развој.

Конзумирањето на млеко и млечни производи уште од најраната воздраст може да придонесе за значително намалување на ризикот од заболување од остеопороза

Крвен притисок

Се поголем е бројот на студии кои покажуваар дека со конзумирањето на две чаши млеко заедно со пет порции овошје и зеленчук, значително може да се намали високиот крвен притисок.


Млеко Тежина

Спротивно на популаризираното верување дека млекото ја зголемува телесната тежина, истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно конзумираат млеко и млечни производи, немаат проблем со вишокот на килограми. Истражувањата исто покажале дека конзумирањето на млеко и млечни прозиводи во комбинација со житарки помага во намалувањето на телесната тежина.

Против стрес-млеко

Чашата млеко е одличен лек против стресот, заклучиле германските истражувачи проучувајќи го влијанието на прехранбените производи врз стресот.

Трагајќи по идеален препарат кој би го намалил стресот и неговиот погубен ефект врз организмот, сега имаме имаме идеален производ за борба против вознемиреност, напнатост, раздразливост…Германското истражување покажало дека фосфолипидите во млекото се вистински "спас" за луѓето под стрес и дека го смируваат и благотворно делуваат врз мозокот.


Млеко За подобар сон-млеко

Млекото е добро да се пие пред спиење затоа што содржи триптофан, амино киселина која ќе направи да се чувствувате поспани.

Додајте една лажичка мед и добивате идеална комбинација за добар сон.


Адреса: Глигор Новаков бр.26 Струмица (Индустриска зона Север)
Телефон: 034/346-101
Факс: 034/344-101
e-mail: joka@t-home.mk

Развиено од: Copyright © 2012 Јока Млекара. Сите права се заштитени.

Пратете го ова на пријател