Почетна » Исхрана » Сирење

Исхрана

Повеќе од Исхрана


Сирење

Сирењето е млечен производ кој е секојднево присутен во исхраната на човекот.

Сирење Историја

Кога станува збор за почетоците на производство и конзумирање на овој производ, историските податоци покажуваат дека производството на сирење започначо во престаро време односно ( 1500 год. п.н.е) Грците и Римјаните имале обичај да послужуваат со сирење и вино на банкетите кои постојано ги организирале. Зрелото сирење претставува траен млечен производ кој има голема енергетска и биолошка вредност, Хранливата вредност на сирењето не се должи само на присуството на млечни белковини, масти и нивните продукти на разложување туку и на изобилството на минерални материи и витамини. Со консумирање на 100 грама сирење можат да се задоволат 24-40% од дневните потреби за протеини, 30-100% од калциум и 20-25% од фосфор.


Сирење Прехранбено значење:

  • Сирењето е високо вреден прехранбен производ богат со есенцијални состојки – одлична храна и диетален производ
  • Сирењето претставува концентрат на восоко вредни состојки.
  • Содржи 20-30% белковини – казеин, и има биолошка вредност 80-85 заради содржината на есенцијалниАК. Со зреење на сирењата протеините се разложуваат до амино киселини па организмот може лесно да ги искористува.
  • Сирењето содржи млечна маст во облик на емулзија и неговата сварливост е 87-94. Исто така има и масни киселини неопходни за организмот, потоа витамини р-рливи во масти, но и витамини растворливи во вода.
  • Со консумирање на 100 грама сирење можат да се задоволат 24-40% од дневните потреби за протеини, 30-100% од калциум и 20-25% од фосфор.
  • Сирењето е извор на енергија енергетска вредност на полномасно тврдо сирење 16-19000 Ј полномасно полутврдо сирење 14-16000 Ј меко полномасно сирење 8-14000 Ј


Сирење Според препораките на нутриционистите, секојдневната консумација на сирење во зависност од возраста на човекот треба да биде:

  • Деца од 2-6 год. 20-30 грама
  • Деца од 7-9 год. 30 грама
  • Деца од 12-15 год. 50 грама
  • Млади од 15 до 20 год. 50-80 грама
  • Возрасни 30-50 грама
  • Бремени жени 50 грама
  • Постари луѓе 30 грама


Крајвјото сирење е одлично за сите што сакаат да се хранат здраво, за сите што редовно вежбаат и се грижат за својата телесна тежина и здравјето. Тоа е особено популарно меѓу луѓето кои редовно вежбаат и се грижат за телесната тежина и здравјето. Освен како што може да се јаде самостојно, вкусно е и како додаток на другите јадења. Одлично одговара заедно со овошје и разни видови џем. Свежото кравјо сирење е здрава храна која секој треба да ја консумира.


Адреса: Глигор Новаков бр.26 Струмица (Индустриска зона Север)
Телефон: 034/346-101
Факс: 034/344-101
e-mail: joka@t-home.mk

Развиено од: Copyright © 2012 Јока Млекара. Сите права се заштитени.

Пратете го ова на пријател