Патот на млекото – JOKA

1. Во фармата

Се почнува од кравите

Кравите се хранат со свежа трева наутро и навечер. Тие после тоа околу 8 часа ја преживуваат храната. Молзењето на кравите се извршува два до три пати дневно во зависност од продуктивноста. Молзењето најчесто се извршува машински со што се зголемува продуктивноста и количината на измолзено млеко. Најважно од се е тестирањето на млекото и здравјето на кравата, за да се осигура квалитет по сите неопходни стандарди. Млекото се складира во специјални силоси на 4˚C каде се задржува не повеќе од 48 часа додека не биде транспортирано до млекарницата ЈОКА на понатамошна обработка и производство.

Транспорт и тестирање на квалитетот на млекото

Млекото се транспортира во специјални цистерни за млеко од нерѓосувачки челик, изолирани за одржување на температурата. Возачите на цистерната се обучени за првично тестирање и доколку млекото не ги исполнува стандардите за квалитет се отфрла.

2. Во млекарницата

Лабораториско тестирање и обработка на млекото

Примероците земени од фармата и од цистерната веднаш подлежат на лабораториско тестирање. Се тестира за количини на млечни масти, протеини, бактерии и дали е додавано вода. Се испитува и присуство на антибиотици по што млекото добива одобрување да биде вклучено во производниот процес. Доколку не ги исполнува стандардите за квалитет, млекото ќе биде отфрлено. По лабораториското тестирање, млекото се подложува на пастеризација , хомогенизација и понатамошна обработка до готови производи.

3. Дистрибуција и продажба

Готовите производи се дистрибуираат до малопродажната мрежа од каде стигнуваат до трпезите на конзументите, ресторани, градинки, училишта ...

4. На Вашата трпеза

Во малопродажната мрежа можете да ги најдете следните млечни производи на ЈОКА:

Јогурт

Пробиотски јогурт

Ајран

Млеко

Кисело млеко

Пробиотско кисело млеко

Павлака

Сирење