Ферментирани производи – JOKA

ФЕРМЕНТИРАНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Во ферментирани млечни производи може да се вбројат следните: Јогурт, кефир, кисело млеко, павлака, ајран, урда, сирење, путер и др. Млечните прозиводи се интегрален дел од човечката исхрана почнувајќи од најмалите години на животот. Технологијата на нивната подготовка подразбира ферментација на млеко, во случајот на млекарата Јока, ферментација на кравјо млеко. Пред се да објасниме што значи поимот ферментација.
ФЕРМЕНТАЦИЈА претставува микробиолошки процес на претварање на јаглехидратитев(шеќери) во алкохоли, киселини, алдехиди, кетони и гасови (CO2H2CH4).

Ферментацијата настанува со развој на специфична група микроорганизми во хранлив раствор со шеќери. Микроорганизмите го внесуваат шеќерот како храна во своите клетки и таму во сложен систем на биохемиски реакции преку низа преодни соединенија се трансфрмираат шеќерите до крајни производи кои се исфрлаат во околната средина. Според видот на производите кои се добиваат при ферментацијата разликуваме: алкохолна ферментација (етил-алкохол), млечна ферментација (млечна киселина) и оцетна ферментација (оцет).

Сега ако се навратиме на ферментацијата на млеко знаеме дека се добиваат различни продукти од кои најважни се млечната киселина и ароматичните материи. Оваа млечна киселина влијае на коагулација на млекото и дава пријатен киселкаст вкус. Додека ароматичните материи создадени при ферментацијата даваат посебен пријатен вкус, карактеристичен за секој производ одделно.

Хранливата вредност на ферментираните производи се од посебна вредност за човековото здравје. Тоа се користи во секојдневната исхрана на човекот затоа што има значителна хранлива и нутритивна вредност.

КИСЕЛО МЛЕКО

Киселото млеко е ферментиран производ кој се добива од млекотo со додавање на бактериите Leuconostoc spp. и Streptococcus spp. Киселото млеко изобилува со полезни бактерии и многу важни витамини и минерали меѓу кои најважниот e калциумот. Од минералите соджи јод, цинк, калциум, калиум и магнезиум. Од витамини киселото млеко во својот состав изобилува со витамин Б5 кој е неопходен за здравјето на кожата, косата, очите и црниот дроб. Содржи и голема количина на Б12 кој е клучен во зачувување на нервниот систем и спречување на анемија, поттикнувајќи производство на хемоглобин.
Бенефити од користење на киселот млеко се:

  1. Спречување на остеопороза поради богатство на калциум во составот.
  2. Снижува и нормализира крвен притисок поради присуство на калиум.
  3. Го помага дигестивниот систем поради присуство на добри бактерии.
  4. Хранлива вредност и присуство на белковини за здрава диета.
  5. Спречува сезонски и други алергии.
  6. Го поттикнува имунитетот во борба против настинки и грип.
  7. Ги ублажува и намалува вагиналните инфекции од Candida Albicans.

КИСЕЛО МЛЕКО ЈоПлус

Киселото млеко ЈОПЛУС (и јогуртот) е ферментиран производ добиен од свежо кравјо млеко, обогатено со бактериите Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium bifildum и Bifidobacterium longum.

Ова се пријателски бактерии кои ја подобруваат природната микрофлора во цревата и го зајакнуваат одбрамбениот систем како и работата на гастроинтестиналниот и дигестивниот тракт.

Ова кисело млеко може да се каже дека има терапевтска намена заради високата концентрација на пробиотици кои придонесуваат за прочистување и детоксификација на организмот поради полезните својства на бактериските култури. Со редовна употреба организмот достигнува баланс и благосостојба.