За нас – JOKA

Mлекара ЈОКА започна со работа на 29.04.1993 година и е меѓу првите приватни млекари во регионот.

Со текот на годините, ги следиме и применуваме најсовремените технологии и машини за преработка на млеко, со што капацитетот на млекарата значително се зголеми. Со трудољубиво и посветено работење со нагласен акцент пред се на квалитетот, развивме широка палета на млечни ферментирани производи како и сирење, кои на пазарот ги привлекува купувачите кои го сакаат традиционалниот и препознатлив вкус.

Огромен допринос за тоа имаат и нашите кооперанти кои се нашата база за чиста и квалитетна суровина од кои секојдневно се сливаат 7000 литри млеко во нашата млекарница.

Довербата помеѓу кооперантите, млекарницата и нашите купувачи за квалитетен и здрав производ, дополнително се зголеми и зацврсти со имплементирањето на меѓународните стандарди за квалитет како што е HACCP кој што го сертифициравме уште во 2006 година.

Денес млекарницата произведува околу десетина производи претежно од течната програма и тоа кисело млеко, јогурт, павлака, свежо пастеризирано млеко како и ајран. Исто така, дел од млекото оди за производство на тврда програма и тоа кравјо саламурено сирење. Сите овие производи ги пласираме на домашниот пазар на кој завземаме значаен удел во млечната индустрија.

Основната цел на сопственикот и сите вработени во млекара Јока е преку следење на светските трендови да работат на зголемување на капацитетите, да придонесуваат за поголемо усовршување на производството со примена на нови машини и технологии, како и овозможување производите од брендот Јока да бидат со неоспорен квалитет и навремено присутни на секоја трпеза во нашата држава, па и надвор од неа.