Подготовка:
- Сварете ги макароните и оставете ги да се исцедат и изладат.
- Во поголем сад, ставете ги изладените макарони.
- Потоа, во садот со макароните, додадете ги сецканите шампињони, краставички и шунка, павлака, мајонез и сите горенаведени зачини и состојки.
- Мешајте сé додека не добиете хомогена смеса.
- Оваа салата е уште повкусна доколку ја направите ден однапред и ја оставите да отстои во фрижидер. На овој начин, макароните подобро ќе ги впијат сосовите и зачините.
- Вкусот е неверојатен!
Рецептот го подготви Викторија Крстевска (Victoria's Food Atelier)