Јока освои диплома за успешно партнерство
26/07/2019GHEE – пречистен путер, нов производ на Млекара Јока
06/05/2021МЛЕКАРА ЈОКА, една од нај големите млекарници во регионот, поради проширување на обемот на работа и развој на компанијата, има потреба од вработувања во Скопје на следните позиции:
- Дистрибутер – 2 позиции за Скопје
- Комерцијалист – 2 позиции за Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование за дистрибутер, средно или високо за комерцијалист.
- Претходно работно искуство на позиција дистрибутер/комерцијалист
- Познавање од компјутери (MS Office пакет)
- Возачка дозвола – минимум „Б“ – категорија
Одговорности и задачи на дистрибутерот:
- Одговорен за навремена и точна достава на робата до крајната цел
- Одговорен за земање/враќање на повраток роба
- Внимателна испорака на производите, одговорност за товарената и вратената роба во возилото
- Товарање на спремена роба при втора или трета тура
- Изработка на документација
- Одговорен за протокот на документацијата (фактури, повратници и сл.)
- Уредно чување на возилото, грижа за техничката и хигиенската исправност на возилото.
Одговорности и задачи на комерцијалистот:
- Одговрен за извршување на продажба (нарачки) и проследување;
- Редовна посета на маркетите и грижа за робата преку следење на рокови, позиции, уреденост и сл.;
- Одговрен за имплементација на договорените активности кај купувачите;
Личен профил:
- Комуникативност, организираност и одговорност;
- Преговарачки вештини (за комерцијалист)
- Динамични лица, насочени кон остварување резултати;
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи;
- Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок;
- Способност за тимска работа;
- Флексибилност за работа на терен.
Компанијата нуди:
- Обука на избраните кандидати;
- Можност за развој и унапредување;
- Редовни месечни примања;
- Службено возило и телефон.
Ако во горенаведените работни места препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, повелете аплицирајте на joka@t.mk со назнака на работната позиција за која аплицирате.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Повеќе за производниот процес и патот на млекото прочитајте овде.