УЛТРА ЗДРАВ

ПРОИЗВОД

УЛТРА ЗДРАВ

ПРОИЗВОД

GHEE e 100% природен производ кој вистинските љубители на здрава исхрана и здрав начин на живот го препознаваат и го вметнуваат во својата редовна исхрана. Во светски рамки овој производ, веќе долго време се користи како здрава замена за другите масла за готвење, а ние во ЈОКА ја имаме честа први да го произведуваме за македонскиот пазар.

GHEE путерот се карактеризира со висока масленост поради која тој е многу погоден за приготвување на било какви јадења на висока температура. Тој не дозволува зеленчукот да загори, има висока температура на издржливост до 250 степени Ц, а на јадењето му дава посебен деликатесен вкус поради специфичната арома која ја поседува. Сето ова значи дека со употребата на ГИ путерот наместо другите видови масла во кујната, се осигуруваме дека нема да внесеме непотребни радикали и токсини кои во органозмот предизвикуваат канцерогена средина, што е многу значајно посебно во ова време кога е многу важно да го сочуваме нашиот организам во здрава состојба.

Млекара Јока за потребите на новиот производ GHEE креираше специјална веб страна на која ќе може повеќе да се информирате за неговата употреба во исхраната, како и за начинот на кој можете да го набавите пречистениот путер.

Страната на GHEE има можност за он-лајн продажба со што е овозможено лесно и ефикасно нарачување и бесплатна дистрибуција до вашиот дом.

Освен онлајн Јока Ги можете да го купите и во повеќе продавници за здрава храна, dm дрогерии, Биокосмос, Бако, Виталиа, Моринга и други.

Повеќе за GHEE притиснете овде.

Енергетска вредностМастиод кои заситениЈаглехидратиод кои шеќериПротеиниСолПакување / Амбалажа
926.19 Kcal / 3875.19 KJ99.45 g68.48 g0.1 гр0.1 гр0.22 гр0.05 грстакло 215 гр