Посета од ЈОУДГ „Детска радост“ – Клон 3
01/12/2012JOKA дел од Ајверијада 2013
20/10/2013Млекара Јока, оваа година за прв пат зема учество на Меѓународниот саем за земјоделство. Првото учество на млекара Јока, а по повод јубилејното 20 годишно постоење претставуваше тест за квалитетот на производите со кои конкурираше на саемот.
Станува збор за 80-тиот Меѓународен саем за земјоделство, кој што се одржа од 18-ти до 24-ти мај 2013 година во Нови Сад, Србија. Во конкуренција на околу 60-тина млекари од Балканските земји, пред се млекари лидери во млечната индустрија во Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и други земји, учество зема и млекара Јока во категоријата млеко и млечни производи.
Во конкуренција на стотина производи, производите на млекара Јока се закитија со златни медали за квалитет.
Јока Кисело млеко и Јока Јогурт со златни медали за квалитет, додека Јока Кисело Млеко и Јока Јогурт со големи златни медали за квалитет, со што се потврди заложбата за производство на здрави и квалитетни производи.