GHEE – пречистен путер, нов производ на Млекара Јока
06/05/2021Почесна награда за Млекара Јока од Општина Струмица
14/12/2023Јока слави 30-ти роденден!
Нашата мала семејна млекарница порасна во бренд за паметење, бренд кој ги краси фрижидерите на стотини илјадници македонски фамилии.
За да го прославиме овој успех со вас, ќе ви ја раскажеме историјата на Јока и како сè започна во една мала просторија во близина на Струмица.
Почетоците на Јока
Млекара Јока започна како семеен бизнис на едно струмичко семејство со големи желби и амбиции. Овие сништа полека но сигурно се претвораа во јаве, а ги крунисавме со отворањето на млекарницата на 29 април 1993 година.
Од тој ден, Јока стана повеќе од обичен сон. Јока стана една од првите приватни млекари во регионот.
Уште од самиот почеток, нашата млекарница соработува со реномирани сточари кои квалитетот го ставаат на прво место. Патот до успехот беше трнлив, но вредеше. Низ годините, моравме да ги модернизираме нашите операции, да внесеме современи процеси и да држиме чекор со светските стандарди. За мал бизнис, тоа не беше лесно, но љубовта и посветеноста кон квалитетните млечни производи нè водеше напред.
Нашата млекарница и во деведесетите години ги исполнуваше стандардите за квалитет, со што примероците земени од фармите веднаш се тестираа (и сè уште се тестираат) во нашата лабораторија.
По 13 години од основањето, во 2006, Јока го доби сертификатот НАССР за имплементирање меѓународни стандарди за квалитет. Од тогаш, компанијата почна уште побрзо да се развива.
Тајната на успехот на Јока
За струмичани, брендот на Јока е присутен во секојдневниот живот – во фрижидерот, на трпезата, во пекарата, во ресторанот, во кафулето. Јока е секаде.
Нашата успешна приказна не би била онаква каква што е без трудољубивото и посветено работење на нашите кооперанти и вработени, но и без поддршката од нашите купувачи. Квалитетната суровина од 7000 литри која ја обработува нашата млекарница на дневно ниво ја пласираме на домашниот пазар, притоа помагајќи ѝ на млечната индустрија во Македонија.
Но, сепак мислиме дека голема заслуга за нашиот успех има и нашиот домаќински однос кон купувачите. Нашите прозиводи се направени за домаќинствата, па производството и комуникацијата имаат за цел да го овозможат најдоброто за потребите на нашите потрошувачи.
Јока денес
Денес, 30 години после основањето на млекарницата, Јока има широка палета со квалитетни млечни производи корисни во секој оброк од денот.
Денес, произведуваме 10 видови млечни прозиводи, вклучувајќи ги:
- Ајран
- Јогурт
- Павлака
- Свежо млеко
- Трајно млеко
- Кисело млеко
- Кравјо сирење
- Пречистен путер
- Пробиотски јогурт
- Пробиотско кисело млеко
Денес, производите на Јока може да ги најдете насекаде низ Македонија, од домаќинства до продавници до ресторани.
Денес сме многу горди на нашиот успех и годините поминати правејќи го она што го сакаме.
А сега, време е да го прославиме овој значаен јубилеј и да продолжиме да ги сонуваме следните децении.