Колач со вишни и ЈОКА кисело млеко
30/06/2019Брза пита со готови кори и урда Јока
30/06/2019Состојки:
- 1 растопен путер или маргарин,
- 200 гр. млака вода,
- 200 гр. зејтин,
- 1 ќесичка сусам,
- 1 пециво,
- 1 лажичка сол и
- брашно 400-500 гр.
Подготовка:
Растопениот путер се меша со останатите состојки освен брашното, кое одпосле постепено се додава. Одкако ќе се замеси меко тесто, се формираат мали топчиња па се плескаат во зависност од големината на апаратот за вафли. Пред да се постават на апаратот не мора да се намрсува затоа што во самото тесто сме ставиле зејтин.
Се печат на апаратот додека не заруменат.
Се послужуваат со вкусната павлака на ЈОКА. Уживајте во вкусните вафли.