На 20.10.2013 година на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица, по трет пат се одржа манифестацијата „Ајверијада“, на која се јадеше и избираше најдобро подготвениот ајвер за оваа есен во Струмица. На Ајверијадата учество зема и млекара ЈОКА со презентација на своите докажани квалитетни и здрави млечни производи, меѓу своите потрошувачи. Учеството на ЈОКА се должеше и на послужување со Кравјото сирење ЈОКА, како незаменлив прилог на секое парче ајвер.