30 години со Млекара Јока на вашата трпеза
29/04/2023Млекара Јока вработува
11/03/2024Млекара ЈОКА постои од далечната 1993 година кога се претстави како една од првите приватни млекари во нашиот регион.
За време на овие 30 години, нашата млекара ги следи и применува најсовремените технологии за преработка на млеко и посветено го зголемува квалитетот и капацитетот на работа.
Иако низ годините често добиваме комплименти и награди, ништо не е толку драгоцено колку признание од општината која нам ни е дом.
Огромна чест оддадена на Млекара ЈОКА од Општина Струмица
Почестени сме да ги информираме нашите потрошувачи и пријатели дека Советот на Општина Струмица, по повод 11 декември, празникот на заштитниците на Струмица Светите Петнаесети тивериополски свештеномаченици, на Млекара ЈОКА ѝ додели Годишна награда за особен придонес во областа на економијата и производството за 2023 година.
Наградата од Општина Струмица е прекрасен столен медал од редот на Светиот Македонски Крст, кој со гордост ќе го поставиме во нашата главна канцеларија. Оваа награда претставува симбол на нашата посветеност и причина плус да продолжиме со истото темпо и љубов кон работата и млечните производи.
Во нашата држава, млечната индустрија сѐ повеќе се развива, и на локално и на регионално ниво. Благодарение на поддршката од нашите пријатели од Струмица и околината, Млекара ЈОКА беше, а и ќе продолжи да биде ваш верен пријател за секој оброк.
Историјата на Млекара ЈОКА во Струмица
Млекара ЈОКА почна од млеко, но опсегот на работа нѐ наведе да развиеме поширока палета на млечни ферментирани производи, вклучувајќи го сирењето и јогуртот по кои сега сме препознатливи.
Иако нашата млекара брзо се развива и сѐ уште има големи соништа, секогаш ќе се присетуваме на нашите скромни почетоци.
Нашиот мал фамилијарен бизнис стана велесила која дополнително се зацврсти со добиените меѓународни стандарди за квалитет, како што е НАССР од 2006 година. Низ годините, постојано бевме во потрага по најефикасниот начин на работа, најдобриот процес и најквалитетното млеко.
Денес, нашата млекара произведува десетина производи вклучувајќи кисело млеко, павлака, јогурт, свежо и трајно млеко, ајран и сирење. Сите овие млечни производи земаат значаен удел во млечната индустрија на Македонија, а и ја зацврстуваат високата позиција на ЈОКА на домашниот пазар.
Се надеваме дека и во иднина, како и досега, ќе дозволите ЈОКА да остане дел од вашето секојдневие. А ние, како и досега, ќе ви го нудиме само најдоброто.