Кифлички со Јока сирење
31/12/2019
Состојки:
- 3 јајца
- ½ чаша шеќер
- 1 чаша ЈоПлус кисело млеко
- 1 чаша масло
- 1 чаша гриз
- 3 лажици брашно
- ½ ќесичка прашок за печиво
- 1 рамно лажиче сода бикарбона
- кора од 1 лимон.
Шербет:
- 2 ½ чаши вода
- 2 чаши шеќер
- ½ лимон.
Подготовка:
- Најпрвин се подготвува шербетот за да има време да се олади. За таа цел се ставаат шеќерот и водата во помало тенџере на оган на средна температура. Откако шербетот ќе зоврие, се остава да се вари уште 5 минути. Потоа се додава лимонот исечен на кришки и се вари уште 3 минути. Се трга од рингла и се остава да олади.
- Понатаму следи подготовката на колачот. Јајцата (свежи на собна температура) и шеќерот се матат со миксер околу 3-4 минути се додека не се добие убава густа, кремаста смеса. Во друг сад се мешаат киселото млеко со лажичка сода бикарбона и таа смеса се додава во садот со изматениот крем од јајца и шеќер и се меша со лажица.
Се додаваат и останатите состојки редоследно меѓу кои и рендана кора од лимун. - Откако ќе ја спремиме смесата, се истура во намрсена тава (20х30) и се пече во загреана рерна од 200 степени околу 20 минути додека раванијата не добие убава црвенкасто-кафеава кора на површината. Секако проверете со вилушка дали е доволно печена, во зависност од печката.
- Жешка раванијата се полива со ладниот шербет. Откако за кратко време ќе се впие шербетот, се сече на коцки или ромбоиди и се украсува со парчињата лимун од шербетот. Може да се послужи со слатко од смокви, суво грозје и топка сладолед. Со банана во парченца или со јаткасти плодови (фстаци, ореви или бадеми). Добар апетит.