Крем салата со макарони и индиски ореви
30/11/2019Сармички од лозов лист
17/12/2019Состојки:
- 500г брашно
- 1 квасец
- 1 ½ лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 3 јајца
- 1 шолја (за чај) млеко
- 100мл растопен путер или маргарин
- 1 жолчка за премачкување
- Сусам
Фил:
- 180г ЈОКА павлака
- 100г доматно пире или кечап
- 100г рендан кашкавал
- 100г песто
Подготовка:
- Сите горенаведени состојки замесете ги и оформете убаво тесто.
- Оставете го тестото да нарасне околу час и половина на собна температура.
- Откако тестото ќе нарасне, поделете го на 4 еднакви дела.
- Првиот дел расукајте го во форма на круг, ставете го во рамно тавче (обложено со хартија за печење) и премачкајте ја кората со павлака.
- Повторно направете кора во форма на круг со пречник од 20цм и овојпат премачкајте ја со песто и ставете ја над првата кора.
- Третата кора се расукува и премачкува со доматно пире и се додава ренданиот кашкавал. Потоа, поставете ја над втората кора.
- Истата постапка се повторува и со четвртата кора со единствена разлика што не се премачкува со фил.
- Откако сите кори ќе бидат наредени една над друга, ставете чаша на средина на тесто и останатиот дел од тестото пресечете го на 16 еднакви дела.
- Со помош на двете раце, земете две лентички и истите одвоено извиткајте ги два пати кон вас. Потоа, спојте ги краевие на секој пар лентички со цел да добиете форма на ѕвезда со осум краци.
- Пред да ја печете погачата, премачкајте ја со жолчка и оставете ја да отстои околу 1 час.
- Премачкајте ја погачата уште еднаш пред печење, наросете малку сусам и печете ја околу 20 минути на 180 степени.
Рецептот го подготви Викторија Крстевска (Victoria's Food Atelier)