Домашни солени вафли со Јока павлака
30/06/2019Пица со зеленчук и сирење
30/06/2019
Состојки:
- 500 гр готови кори за пита
- 4 јајца
- 15 лажици млака вода
- 10 лажици Јока кисело млеко
- 20 лажици масло
- 1 ќесичка прашок за пециво
- 400 гр Јока урда или Јока сирење
- Сусам или ленено семе по желба
Подготовка:
- Во длабок сад за матење ставете ги јајцата и изматете ги со миксер. Во садот додајте ги водата, маслото и Јока киселото млеко (може и Јока јогурт). Кратко време се матат состојките и после тоа се додаваат прашокот за пециво, урдата и посолете. Убаво измешајте го филот.
- Земете една кора премачкајте ја со фил и врз неа ставете уште една кора и повторно премачкајте од филот. Двете кори свиткајте ги во ролат, а после може и да формирате потковица или полжав (по ваша желба и во зависност од големината на печката. За помала печка најдобро одговара само свиткани во ролати како на сликата подолу. Постапката повторете ја и со останатите кори.
- Корите наредете ги во намрсен плех споени едно до друго и одозгора посипете од филот ако ви останал, ако не изматете едно до две јајца со малку сол и и сусам и намачкајте одозгора. Ако корите се малку посуви одозгора наредете мали коцкички путер. Питата се пече во предходно загреана печка на 180 степени додека убаво зарумени околу 20 до 25 мин во зависност од печката. Печената пита со готови кори и Јока урда или сирење послужете ја топла со чаша Јока јогурт. На здравје!