Сармички од лозов лист
17/12/2019Раванија со ЈоПлус кисело млеко
19/05/2021Состојки:
- 1кг брашно
- 1 свеж квасец
- 3 јајца
- 50мл масло
- 1 лажичка оцет
- 100мл кисела вода
- 100мл млеко
- 300мл ЈОКА јогурт
- 1 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 жолчки за премачкување
- Путер
- Сусам 150г
- ЈОКА сирење
Постапка:
- Во поголем сад, просејте го брашното.
- Потоа, додадете ги и квасецот, шеќерот, маслото, јајцата, солта и постепено додавајте ги и течните состојки сé додека не добиете хомогена смеса.
- Месете го тестото околу 10 минути додека не стане мазно.
- Оставете го тестото да отстои околу 1 час.
- Откако тестото ќе нарасне убаво, истото поделете го на топчиња.
- Од секое топче расукајте кора во форма на јазиче и на крајот (свртен кон вас) засечете три линии.
- На другиот крај, ставете малку сирење и завиткајте кифличка.
- Сите кифлички наредете ги во плех. Премачкајте ги со жолчка, наросете сусам и ставете ленти путер врз нив.
- Печете околу 20 минути на 200 °C.
Рецептот го подготви Викторија Крстевска (Victoria's Food Atelier)