Проја со спанаќ и сирење
20/11/2019Погача ѕвезда со Јока павлака
09/12/2019Состојки:
- 300г макарони
- 180г кисели краставички
- 150г шунка
- 100г маринирани шампињони
- 100г индиски ореви
- 80г тостиран сусам
- 2 лажици маслиново масло
- 360г Јока павлака
- 3 лажици мајонез
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка Worcester сос
- Сол & бибер
- 1 лажичка копар
- 1/2 лажичка лут буковец
Подготовка:
- Сварете ги макароните и оставете ги да се исцедат и изладат.
- Во поголем сад, ставете ги изладените макарони.
- Потоа, во садот со макароните, додадете ги сецканите шампињони, краставички и шунка, павлака, мајонез и сите горенаведени зачини и состојки.
- Мешајте сé додека не добиете хомогена смеса.
- Оваа салата е уште повкусна доколку ја направите ден однапред и ја оставите да отстои во фрижидер. На овој начин, макароните подобро ќе ги впијат сосовите и зачините.
- Вкусот е неверојатен!
Рецептот го подготви Викторија Крстевска (Victoria's Food Atelier)