JoPlus Јогурт
22/03/2017Посета на детски градинки во Битола
14/05/2017И оваа година соодветен тест за квалитетот на производите на Млекара ЈОКА, претставуваше учеството на Меѓународен саем за земјоделство, кој што се одржува во Нови Сад, Србија. Во конкуренција на околу 60-тина млекари од Балканските земји, лидери во млечната индустрија во Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора и други земји, учество зема и Млекара JOKA во категоријата млеко и млечни производи.
Во конкуренција на стотина производи, JOKA ПАВЛАКА од 0.180гр. се закити со голем златен медал за квалитет, со што се потврди заложбата за производство на здрави и квалитетни производи. За потсетување во 2013 година на истиот саем JOKA Кисело Млеко и JOKA Јогурт се закитија со златни медали за квалитет, додека ЈОВИТА Кисело Млеко и ЈОВИТА Јогурт со големи златни медали за квалитет.
Размислувај природно, храни се здраво! Млекара ЈОКА.